СУВ возилото Karlmann King, кое има форма на вистински дијамант и цена на скапоцен предмет од дури два милиони долари се наоѓа при врвот на најскапите автомобили во светот.
Автомобилот во својата опрема вклучува луксузни функции како Hi-Fi звук, приватен сеф, телевизор со голем екран, телефони и фрижидер. Исто така има и простор за кафемат, но има и можност за играње на PlayStation 4.
Дизајнерот Лучано Д’Амбросио го опиша ова свое дело како „производ на искуството“.
Karlmann King СУВ е проектиран од страна на кинеската компанија IAT, а дизајнот е на база на Ford F-550.
Однадвор дизајнот потсетува на работи на дијамант, а возилото е блиндирано и може да издржи неверојатна температура од -40 до 200 степени според Фаренхајт. Има систем на движење на четирите тркала и може да достигне брзина од 87 милји на час.
Возилото може да биде направено по порачка во различни бои.