Seat со пораст на продажбата од 23,3 % во октомври

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Минатиот месец, шпанскиот производител на автомобили Seat имал пораст на продажбата на автомобили за 23,3 проценти што е подобро во однос на истиот период во минатата година.
Годинава во октомври биле продадени 40.200 автомобили од Seat, за разлика од 32.600 минатиот октомври. Воедно е извршен пораст и во продажбата во текот на целата година во првите десет месеци за 14,4 проценти, а до 31 октомври компанијата продала 395.100 возила (345.500 во истиот период лани).

Најголемиот пораст бил во Турција за дури 209,1 процент, додека на 2. место е Израел со 62,5 проценти пораст на продажбата. Најголемите пазари и понатаму остануваат Германија (пораст од 30,5 проценти) и Шпанија (+24,9%).

- Advertisement -

Најмногу се купувале Ibiza, Leon и Ateca, а Seat во моментов е една од марките коишто имаат најголем развој во Европа.
За следната година се подготвува лансирање на најголемата офанзива во историјата со лансирање на новиот модел СУВ кој е со седум седишта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја