Се појави тизер видео од Skoda Kodiaq RS

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако пред само неколку недели се појавија првите тизер фотографии, чешкиот прозиводител го претстави и првото тизер видео од RS изведбата на Kodiaq.

Во 26 секундното видео се прикажани неколку моменти од производствениот процес како и неколку екстериерни детали, без при тоа да се откријат информации поврзани со техничките способности на најмоќниот SUV во понудата на Skoda.

- Advertisement -

Од она што го пренесуваат медиумите, RS моделот ќе располага со 2.0 литарски битурбо TDI мотор со 240 КС и 500 Nm, ист мотор кој се користи и кај VW Tiguan и VW Passat. До 100 км/ч ќе забрзува за 6.5 секунди, а распоалга со погон на сите тркала, вграден DSG менувач како и дополнителна опрема која вклучува збогатен пакет за аеродинамичност, збогатена опрема за безбедност и асистенција во возењето како и нов, спортски издувен систем.

Премиерата на овој модел е закажана за претстојниот саем за автомобили во Париз кој започнува на почетокот на октомври, а германските медиуми во недостаток на официјална потврда шпекулираат дека продажната цена ќе започнува од околу 46 илјади евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја