Се грижи за вашето здравје: Mercedes има седишта што ќе ве држат во „форма“

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Лас Вегас, компанијата Mercedes беше еден од оние излагачи што имаа интересни новитети, а се поврзани со внатрешноста на автомобилот. Овојпат се работеше за вашето здравје и форма.

Во S-Class, Германците претставија доста новитети кои се грижат за намалување на нивото на стрес на оние што се во возилото.

Меѓу најинтересните новитети е тн. „Motion seats“. Овие седишта нудат масажа додека возите на едно ново ниво, и можат повремено да ја менуваат положбата на седиштата во зависност од тоа што ќе забележи сензорот во возилото а се однесува на мометното расположение и заморот на возачот.

mercedes-1

Во текот на возењето возилото комуницира со вашето тело, да ви овозможи да се чувствувате попријатно, и се обидува да ја подобри циркулацијата во мускулите. Ова особено ако седите подолго во една позиција, по што следува менување на положбата со цел да останете свежи за време на возењето.
Тоа нема да биде драматично поместување, туку само наоѓање на подобра позиција, со цел возењето да биде подобро што ќе влијае на вашето здравје.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK