Во кинескиот град Мијанјанг, провинција Сечуан, роботите-полицајци веќе патролираат на улиците заедно со нивните човечки колеги. Овие роботи работат од 8 до 17 часот и се дизајнирани да комуницираат со околината, да реагираат на надворешни фактори и да го поддржуваат работата на полицијата.
Опремени се со ротирачки камери од 360 степени кои снимаат и автоматски ги испраќаат снимките до командните центри.
Можат да вршат проверки на идентитет и да асистираат при приведување, особено во деловни зони, технолошки паркови и туристички области. Покрај нив, во неколку кинески провинции се користат и роботи-кучиња во специјални полициски вежби и операции.
Кина, која е водечки светски пазар за индустриски роботи, очекува до крајот на 2025 година пазарот на хуманоидни роботи да достигне вредност од околу 739 милиони долари.









