четврток, 25 јули, 2025 година

Поради високата цена на бензинот: Пратеник го трампал автомобилот со коњ

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Интересна и несекојдневна вест доаѓа од Русија. Пратеник во законодавното собрание на Камчатка, Михаил Пучковски, објави дека го трампал автомобилот за коњ, а причината е повеќе од едноставна – високата цена на бензинот.

Иако бензинот во Русија важи за најевтин, сепак Пучковски работи како пратеник на доброволна основа што значи дека не добива плата, а живее само со пензијата која изнесува 23 илјади рубли или речиси 19 илјади денари. Оттука со овие примања тој не е во можност да си дозволи бензин и редовни сервиси на својот автомобил.

- Advertisement -

Но, пратеникот во центарот на вниманието на руската и светска јавност влезе поради барањето градските власти да му обезбедат паркинг за коњот. Имено, минатиот месец кога се појавил пред зградата на владата тој бил спречен од обезбедувањето да го “паркира” коњот, поради што пратеникот испратил официјално барање до градските власти и гувернерот да му биде доделено место каде би можел да го врзува коњот.

Доколку неговото барање биде одбиено, Пучковски најавува тужба до градските власти, а се закани дека ќе донесе цело стадо на коњи.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја