Polestar со првиот автомобил со 600 КС во 2019 (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Перформанс брендот на Volvo Car Group – Polestar, го претстави својот прв модел – Polestar 1. Идните планови на компанијата се да се наметнат на пазарот како самостоен бренд на електрифицирани возила. Polestar ја потврди информацијата за првите три модели кои ќе се произведуваат во новиот центар во Кина и ќе наметнат нови стандарди во индустријата на перформанс автомобилите.

Polestar 1 со импресивни 600 КС и ќе биде пуштен во производство во средината на 2019 година Тоа е GT купе со 2 врати, 2 + 2 места и комбиниран погон, од електричен мотор и мотор со внатрешно согорување, со автономија од 150 километри во електричен мод, што е најдолгиот досег во електричен режим, во споредба со било кој друг хибрид на пазарот во моментов. Платформата на Polestar 1 е создадена врз основа на Volvo Scalable Platform Architecture (SPA), но 50 % од неа е нова и специјално развиена од инженерите на Polestar.

Polestar 1 е првиот модел, создаден по сосема нова, водечка во класата технологија на шасијата Öhlins Continuously Controlled Electronic Suspension (CESi) развиена врз основа на јаглеродни влакна, кои го подобруваат извртување со 45% и ја намалуваат тежината и тежиштето на возилото. Освен тоа, возилото користи двојна електрична задна оска за вртежниот момент кој обезбедува прецизно забрзување на секое тркало, максимално прилепување на патот и зачувување на брзината при вртење.

Polestar 1 ќе се произведува во специјално изградениот модерен и високо технолошки центар во Чанду, Кина. Се очекува изградбата на производниот центар да биде завршен во средината на 2018 година. Автомобилите на Polestar ќе се порачуваат целосно онлајн и ќе се нудат со 2 и 3-годишна претплата програма. Претплата All-inclusive ќе вклучува нула депозит и можности за користење и на други модели од палетата на Volvo и Polestar, преку плаќање на фиксен месечен надомест.

Сите идни автомобили на Polestar ќе бидат целосно електрични. Во 2019 година ќе почне производството на првиот целосно електричен модел на Volvo Car Group – Polestar 2.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK