сабота, 25 ноември, 2025 година

Пет милиони причини зошто Fabia е легенда на Skoda!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во главната фабрика на брендот во Млада Болеслав неодамна од производната линија излезе петмилионитата Skoda Fabia. Овој популарен модел, кој од 1999 година претставува влезна точка во гамата на Skoda, денес е втор најпродаван модел по легендарната Octavia.

Првата генерација на Fabia беше изградена на нова платформа од Volkswagen Group и веднаш се истакна по својата пространост, практичност и одличен однос цена-квалитет – карактеристики што и денес ја прават популарен избор.

- Advertisement -

Четвртата генерација, која е актуелна денес, нуди модерни и ефикасни бензински мотори и напредни системи за безбедност. Производството на Fabia ќе продолжи и по 2030 година.

„Остварувањето на бројката од пет милиони произведени Skoda Fabia возила е навистина извонредно достигнување – и за нашиот производствен тим и за целата компанија. Како втор целосно нов модел развиен под капата на Volkswagen Group, Fabia брзо стана симбол на брендот и столб во нашата понуда. Денес, како влезен модел, останува синоним за квалитет произведен во Чешка. Благодарение на успехот на актуелната генерација – практично и модерно возило со напредна технологија и безбедносни системи – ќе продолжиме со нејзино производство и по 2030 година“, изјави Андреас Дик, член на Управниот одбор на Skoda Auto задолжен за производство и логистика.

Skoda Fabia со години е меѓу најпродаваните модели на брендот. Во 2024 година, Fabia беше трет најпродаван модел на Skoda со 117.100 испорачани примероци ширум светот. Првата генерација беше претставена на салонот во Франкфурт во 1999 година како наследник на Felicia. Fabia беше понудена со различни каросериски варијанти и широк спектар на мотори и менувачи.

Со текот на годините, Fabia ја зацврсти својата позиција и во светот на мотоспортот, особено преку моделите Fabia Rally2, Rally2 evo и RS Rally2 – едни од најуспешните рели автомобили во своите категории.

Четири генерации на достапна мобилност
* Првата генерација (1999–2008) дебитираше како петвратен хечбек со должина од 3.960 мм, а потоа беа додадени и караван и седан верзии. Во 2003 беше претставена и спортската RS верзија со 1.9 TDI мотор.

* Втората генерација (2007–2014), претставена во Женева, беше поголема и понуди изведби како Scout и нова RS со 1.4 TSI мотор. Се појави и Monte Carlo изведбата.

* Третата генерација (2014–2022) се базираше на PQ26 платформата и донесе поголема ширина, пониска силуета и значајни подобрувања во безбедноста. Во 2018 следеше освежување со Full LED светла и следење на слепи агли.

* Четвртата генерација (2021–денес) се изработува на MQB A0 платформата и има должина над 4,1 метар, со багажен простор од 380 литри. Моделот нуди модерни системи како автоматско паркирање, адаптивен темпомат, заштита на пешаци и велосипедисти, и препознавање сообраќајни знаци.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја