Претставен новиот Subaru BRZ

ОБЈАВЕНО НА:

Subaru конечно ја претстави новата генерација на моделот BRZ чија премера беше најавена уште пред некој месец. Станува збор за спортски модел кој е развиен во соработка со Toyota.

Оттука овој модел се темели на TNGA платформата и ја има истата архитектура и технологија како и моделот GR86 на Toyota.

Во поглед на димензиите овој модел е за 30 мм подолг од својот претходни и за 10 мм понизок. Новата платформа овозможува зголемено меѓуоскино растојание кое сега изнесува 2.575 мм. Намалена е и тежината која сега изнесува 1.315 кг.

Адреналинско возење овозможува 2,4 литарскиот мотор кој продуцира максимални 228 КС и 250 Nm обртни моменти. Во стандардното ниво на опременост доаѓа со шест степен мануелен менувач, а опционално и со нов шест степен автоматски менувач.

Subaru BRZ

Во внатрешноста, централно место зазема 8 инчниот екран осетлив на допир. Доаѓа и со целосно нова дигитална инструментана табла, а тука треба да се напомене и Subaru EyeSight технологијата за асистенција на возачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK