Нов Fiat по цена од 7.270 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Stellantis во Мексико го промовираше подновениот мал градски автомобил Fiat Mobi.  Се работи за автомобил од А сегментот чија должина изнесувва 3.566 мм, висината 1.490 мм, ширината 1.633 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.305 мм.

На 13 април 2016 година Fiat официјално го претстави прототипот, а потоа овој автомобил влезе во сериско производство во фабриката Бетим, Бразил.

- Advertisement -

Подновениот Mobi, доаѓа со минимални измени. Додаден е 3,5 инчниот LCD екран во инструменталната табла, а тука е и новиот 7 инчен инфотејнмент систем кој овозможува интеграција со мобилен телефон. Тука се и паркинг сензорите како и електриката на предните и задни прозори.

Во понудата остануваат двата 1,0 литарски бензински мотори: FIRE Evo I4 и FireFly I3 flexy fuel. Почетната цена на овој модел изнесува 179.900 пезоси што е еквивалентно на 8.638 американски долари односно 7.270 евра што го прави најевтиниот автомобил на Fiat.

Но, моделот нема да го видиме во понудата на европските салони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја