На саемот во Пекинг, Skoda Auto со ново СУВ возило

Autodesk VRED Design 2018.4 Update

Skoda Auto работи засилено на новиот градски СУВ, кој ќе биде промовиран на меѓународниот саем во Пекинг во текот на следната недела. Веќе се објавени првите скици од возилото, а истото ќе биде создадено специјално за пазарот во Кина.

Новиот компактен модел на Skoda Auto ќе се присоедини во понудата на СУВ возила на оваа компанијата за локалниот пазар, а за ова возило имаат големи надежи за развој. Кина е најважното бизнис поле за Skoda на глобален план, а секое четврто возило од оваа марка се продава во оваа земја.

Минатата година Skoda ги зголеми продажбите во Кина за 2,5 проценти што е околу 325.000 возила, а тоа е најдоброто постинување на компанијата од враќањето на пазарот во Кина во 2007 година.