недела, 25 јули, 2025 година

Макпетрол oстанува лидер: Отворена 126. бензинска пумпа во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Еден од препознатливите брендови во Македонија, особено во бизнисот со нафтени деривати, Макпетрол продолжува со ширење на сопствената мрежа, па денеска ја отворија 126-та бензинска пумпа. Тоа се случува во годината кога компанијата го прославува својот 70-ти роденден.
Пумпата Ќојлија се наоѓа во општината Петровец и ќе им овозможи на потрошувачите нови содржини на нивниот пат низ Македонија, а истовремено со отворање на нови работни места придонесува индиректно за локалниот развој.

Изминатиов период, а и оној што следи ни дава многу причини за славење. Минатата недела отпочнавме со одбележување на јубилејот 70 години Макпетрол со стартот на големата наградна игра, а веќе денес, една недела подоцна ја отвораме оваа нова бензинска станица на Макпетрол. Како Компанија сме пресреќни што одбележувањето на јубилејот не е само преку вообичаените прослави, туку преку презентирање на резултатите од нашиот труд и секако, новите инвестиции“. – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД.

- Advertisement -

Според информациите од претставници н акомпанијата во план е изградба на нови бензиски станици преку кои на верните потрошувачи, Макпетрол ќе им овозможи полесен пристап и нови содржини при користење на услугите. Како компанија која општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, а не како наметната обврска, Макпетрол соработува и со локалното основно училиште „Коста Солев Рацин“ од Петровец. Имаше и мини изложба на ликовните трудови на децата од ликовната секција при ОУ Коста Солев Рацин од Петровец. Темата на трудовите е „Мојата прва асоцијација за Макпетрол“.

Инвестицискиот циклус на Макпетрол не завршува со оваа бензинска станица. Во завршна фаза на изградба е уште една нова бензинска станица во близина на Вевчани. Извесни се и вложувањата во осовременување и модернизирање на неколку постојни бензински станици и складови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја