четврток, 25 јули, 2025 година

Кинески клон на Defender чини 14.000 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кинеските производители на автомобили создадоа неверојатна количина модели во последниве години, посветени на домашниот пазар или создадени за освојување други земји. Европа пред се.

И ако до пред неколку години клоновите на автомобили кои припаѓаат на брендови од Стариот континент практично беа на редот на денот, денес приказната е променета. Дури и ако сè уште има автомобили силно инспирирани од западните „колеги “.

- Advertisement -

Ова е случајот со BAW 212, кинеско теренско возило од марката што припаѓа на групацијата BAIC, кое се чини дека е родено од вкрстувањето на Land Rover Defender и Jeep Wrangler. И не, тоа не е класичен SUV што „игра“ да биде авантуристички. Погонот на четири тркала, редуктор на брзини и блокади на предните и задните диференцијали се дел од пакетот, заедно со шипки против превртување (rollbar) што се откачуваат и специфични и многу респектабилни агли: 40 степени во напад и 36 во излез.

Само бензин
Под хаубата е 2.0 турбо бензинец со моќ од 150 КС (максималниот вртежен момент не е објавен), поврзан со осумстепен автоматски менувач, веројатно класичен конвертор на вртежен момент, иако нема информации за тоа.

Единствената слика што ја имаме за внатрешноста покажува голем екран на допир поставен хоризонтално во центарот на контролната табла, дигитална инструментација, кожени седишта, физички копчиња (најверојатно за контрола на климата и управување со режимот на возење) и мала рачка за управување со менувачот.

Но, еден аспект е впечатлив: цената. BAW 212 во Кина се продава по ппочетна цена од 14.000 евра, додека врвната верзија чини само 20.000 евра. Да, зборуваме за европските цени на Dacia Sandero. Многу малку за простран модел кој е способен (барем на хартија) да покрива долги растојанија надвор од патот. Се разбира, засега не се планира да се продава во Европа. Што мислите, дали би сакале да го видите овде?

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја