Властите во рускиот главен град започнаа нов проект за поврзување на околните градови со надземни железници. Новата инфраструктура се очекува да го олесни сообраќајот за 10-12% во текот на следните пет години и ќе им овозможи на луѓето да стигнат од еден аеродром до друг за еден час.
Ако никогаш не сте биле во Москва, тешко дека знаете што е “метеж”. Поминувате часови во вашиот автомобил на пат кон дома, полека се движите како желка и лути сте на другите бавни возачи, па понекогаш знаете да „легнет“ на свирката. Ќе се здобиете со искуството, ќе ги истренирате нервите но тоа исто така е доста непријатно.
Иако најчесто летаат со хеликоптери над метежот, рускиот претседател Владимир Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин се свесни за проблемот – и се обидуваат да го решат.
Градот посветува големо внимание на својот железнички систем, работејќи со Руските државни железници. Во 2016 година, тие го комплетираа и отворија Московскиот централен прстен (ГСК), градска линија која ги поврзува релативно оддалечените области на главниот град. ГСК има околу 400.000 луѓе на дневна основа, односно 100 милиони патници годишно. Ќе се отворат и нови линии што дополнително ќе го олесни целокупниот транспорт.