Европа не простува: Во овие земји можете да „заглавите“ затвор за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Пречекорувањето на дозволената брзина најчесто се казнува парично и со добивање на бодови, кои ако надминат одредена граница значат губење на возачката. Но, во Европа има земји каде доколку возите пребрзо, можете дури и да добиете затворска казна. Нема шега со некои земји во Европа, каде се почитуваат правилата, а надминувањето на дозволената брзина, во град, на отворен регионалан пат или автопат носи и соодветна казна.

Франција и Монако, Швајцарија, Норвешка и Шпанија се земјите каде доколку возите многу повеќе од дозволеното, не само што ќе платите парична казна туку и ќе заглавите затвор, и ќе добиете забрана за возење. Некаде истата може да се замени со висока казна, но за тоа решава судот. Сепак првата опција е затвор.

Во Франција и Монако, дозволената брзина во град е 50 км/ч. а доколку радарите ве фатат дека возите со 90 км/ч. ви следува временска забрана за управување со возило, плус 135 евра казна. Ако пак возите со брзина од 100 км/ч. тогаш ќе добиете и затворска казна. Ограничувањата на регионален пат се максимални 140 км/ч. пред полицијата да ве спроведе во зандана, а на автопат таа граница е 180 км/ч.

Најстрого е во Норвешка, каде за брзо возење во град со повеќе од 96 км/ч. се добива затворска казна, а на автошпат границата е 175 км/ч.

По опуштено можете да се однесувате во Шпанија, каде границата е 111 км/ч, во град, па се до 201 км/ч. на автопат. Но, таму паричните казни се 300 евра за пречекорување на брзината над 21 км/ч.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK