Еве зошто треба да избегнувате да паркирате на сонце

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Летниот период вистинска закана за нашите возила. Тоа е така поради неколку причини, а најмногу поради силното сонце и високите температури.

Експертите се едногласни дека треба по секоја цена да се избегнува паркирање на возилата на сонце, особено кога тоа е јако, а температурите се повисоки од вообичаените.

- Advertisement -

Сите сме се соочиле со проблем на загревање на автомобилот. Помалите автомобили побрзо се загреваат па така мораме да почекаме пред да влеземе во автомобилот.

Доколку автомобилот е изложен подолго на сонце може да дојде и до оштетување на внатрешните елементи на ентериерот. Тука пред се се мисли на обвивката на управувачот.

Силното сонце може да има влијание и врз бојата односно лакот на нашето возило. Така доколку е изложено често на директно сонце, може да дојде до оштетување на првиот слој од бојата и да предизвика трајни последици.

Како совети за избегнување на негативното влијание од силното сонце може да се наведат:
– користење на рефлектирачка заштита
– покривање со церада
– користење на задни и странични завеси
– паркирање под сенка т.е. дрва, но при тоа потребно е да се внимава да не се паркира под дрва кои испуштаат течности
– паркирање на катни гаражи треба да биде приоритет

Како доолнителен совет, доколку возилото е изложено на сонце подолго време, а ние мораме итно да го стартуваме тогаш потребно е да ги отворите прозорите и клима уредот да го пуштите на максимална брзина со цел топлиот воздух во внатрешноста побрзо да излезе.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја