Duster во Европа и Duster во Индија – Не е исто! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За да бидат достапни до купувачите, одредени модели на некои пазари се продаваат со различно ниво на опременост. Понекогаш тоа ниво не опфаќа многи елементи што на други пазари и неможе да се замислат дека не се вградуваат. А колку тоа влијае на безбедноста покажува последниот краш тест на Dacia Duster; направен во Индија.

Не само што во тестираното возило недостасуваа одредени системи за поголема безбедност, туку истото возило не освои ниту една ѕвездичка на Global NCAP тестирањето. Моделот се продава во Индија, и е базичен во тамошната понуда, без воздушно перниче. Тоа беше и причината да не освои ниту една ѕвездичка, а само две ѕвездички освои за заштита на децата кои се во седиште на задниот дел.

По овој тест, францускиот производител побара од Global NCAP да направи ново тестирање со нов Dusyer кој имал воздучно перниче за возачот, и добил три ѕвездички за заштита на патниците.
Проблемот е што за некои пазари одредени делови се различни, па така индиската верзија на Duster Има помало воздучно перниче од онаа што се продава во Јужна Америка, па затоа и има разлики.

Но, не е само Duster кој има добиено лоши оценкии не го минал тестот при проверката на базичните модели. Слични резултати имале и: Renault Kwid, Suzuki Maruti Alto, Swift, Celerio, Eeco, Hyundai Eon, i10, Volkswagen Polo, Ford Figo, Datsun Go, Mahindra Scorpio, Chevrolet Enjoy, Tata Zest, и Nano.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK