young brunette woman in new car

Дамите бираат – Кој е најдобриот автомобил за 2016

ОБЈАВЕНО НА:

Можеби ги критикуваат дека не се доволно добри возачи, но „понежниот пол“ во голема мера има влијание при изборот на автомобилот во семејството. Затоа нивното мислење треба да се земе предвид и тоа сериозно кога станува збор за некој избор.

Титулата „светски женски автомобил на годината“ за 2016 година ја освои луксузниот кросовер jaguar F-Pace. Жирито што ја донесе оваа одлука беше составено од вкупно 17ени од 14 земји, а во поширокиот избор влегоа 294 актуелни модели.

jaguar

Победникот беше опишан како „комбинација на успешен дизјан, секојдневна употребливост и неспоредливо возачко искуство што го дава“.

Покрај Jaguar F-Pace, со награда замина ид Honda Civic која е прогласена за најдобро семејно возило во категоријата на патнички автомобили, а Ford Mustang ја доби наградата за модело со спортски перформанси.
Во категоријата на достапни нискобуџетни модели наградата ја доби Honda Jazz, а во класата на луксузни возила победник е Volvo S90. Моделот Toyota Prius од четврата генерација е „најзелен“ автомобил за 2016 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK