Citroen C3 Aircross ја освои титулата AUTOBESTза 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Citroеn C3 Aircross е освојувач на AUTOBEST 2018 титулата за Best Buy Car of Europe 2018, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 1.423 бода, C3 Aircross се избори за првото место со комфорни 121 бод предност пред Opel Grandland X. Volkswagen T-Roc стана трет со вкупно 1.205 бода, а во финалното рангирање следат Seat Ibiza, Ford Fiesta и Honda Civic.

„Задоволство ми е да ѝ честитам на Линда Џексон и нејзиниот менаџерски тим за освојувањето на AUTOBEST 2018 титулата. Пред ваква конкуренција C3 Aircross се покажа како шампион, убедувајќи ги членовите на жирито дека е вистинскиот избор за ова издание. Ова исто така е и нова победа за SUV моделите која уште еднаш ја докажува способноста на жирито не само да ги следи случувањата на пазарот, туку и да ги открие трендовите, давајќи им на европските потрошувачи вистински водич за купување автомобили што се погодни за утрешнината!“, рече Илиа Селиктар, претседателот на жирито.

MANBEST 2017 наградата се доделува на г-дин Ли Шуфу, основач и претседател на
групацијата Geely Holding.

COMPANYBEST 2017 наградата отиде кај Jaguar Land Rover. Taa претставува признание за неверојатниот пат на британската компанија под водство на д-р Ралф Шпет и неговиот менаџерски тим.

Фриц Енцингер, потпретседател на Porsche LMP1, е освојувач на SPORTBEST 2017
наградата.
Годинава AUTOBEST жирито одлучи да не ја додели TECHNOBEST наградата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK