четврток, 25 ноември, 2025 година

BMW укинува три модели – ретко кој ги купува

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Со лансирањето на новиот BMW iX3, германскиот производител ја започнува својата Neue Klasse ера, која ќе донесе повеќе од 40 нови или освежени модели до 2027 година. Но, не сите актуелни модели ќе ја преживеат оваа транзиција – три добро познати имиња се повлекуваат од сцената: X4, 8-Series и Z4.

Крај за X4
Купе-кросоверот BMW X4, кој дебитираше во 2018 година, доби редизајн во 2021, но нема да добие нова генерација. Производството на бензинските мотори престана на 30 септември 2025, а дизел-верзиите ќе бидат стопирани до ноември. Како индиректна замена ќе настапи BMW X2, а се шпекулира и за целосно електричен iX4 развиен на платформата Neue Klasse.

- Advertisement -

8-Series излегува од понудата
Овој модел иако доби освежување во 2022 година, никогаш не успеа да оствари голема продажба. Најмногу купувачи привлече четворовратниот Gran Coupe. Последниот модел за САД ќе биде од 2026 моделска година, а специјалната M850i Edition M Heritage со само 500 примероци ќе биде „лабудова песна“ на оваа серија. Нов наследник не е најавен, а гласините за евентуално враќање на 6-Series остануваат непотврдени.

Збогум за Z4
Иконата меѓу роудстерите, BMW Z4, останува во продажба во верзиите sDrive30i и M40i до 2026 година. Производството во фабриката Magna Steyr во Грац ќе заврши напролет 2026, по што BMW целосно ќе се повлече од сегментот на роудстери. Со тоа германската марка ќе им се придружи на Audi, кој се откажа од TT, и Mercedes, кој ги пензионира SLK/SLC.

Причина – слаби бројки
Од јануари до август 2025 година, продажбата во Германија изнесувала:
* 1.916 примероци X4,
* 659 примероци 8-Series,
* 2.613 примероци Z4.

За споредба, BMW во истиот период продал над 160.000 автомобили во Германија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја