среда, 25 јули, 2025 година

BMW произведе и електричен скутер

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новиот електричен скутер на BMW е одличен избор за избегнување на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор. Новиот BMW Motorrad X2City е наменет за патници кои не сакаат да чекаат автобуси на постојките, а навреме да стигнат кадешто тргнале.

Скутерот е произведен и се дистрибуира во соработка со производителот на велосипеди ZEG. Опремен е со 408-Wh литиумски батерии и може да се движи со брзина до 25 километри на час. Помеѓу две полнења на батеријата со скутерот може да се поминат до речиси 30 милометри. Додека за полнење на батеријата потребни се два и пол часа (се полни на обичен приклучок во домаќинство)

- Advertisement -

Опремен е со диск сопирачки и пневматик гуми со цел движењето да е поудобно, а има и микро УСБ приклучок на кој може да го полните мобилниот телефон.

Батеријата која може и да се тргне е заштитена од вода, како и возачот, така што нема потреба од дополнителна заштитна опрема. Дури и заштитниот шлем не е дел од задолжителна опрема. Скутерот е класифициран согласно European Pedelec25, што значи за постарите од 14 години не им e потребна дозвола или шлем за да го управуваат X2City.

Скутерот тежи 20 килограми и може да се превитка во помала форма за полесно да се пренесе во рака или во багажникот од автомобилот. Продажбата и сервисот ќе ги врши ZEG, а цената се очекува да биде до 2500 евра.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја