BMW нареди итен сервис за 430.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот производител BMW наскоро започнува со акција за повикување на севис на 430.000 автомобили. Станува збор за примероци од серија 3 односно Е90 и Е93, произведени во периодот помеѓу 2004 и 2011 година.

Причината за повлекување лежи во потенцијалниот проблем со вентилаторот на ладилникот кој може да доведе до пожар. Поради ова, а како превенција, BMW ќе испрати барање за сервис до наведените спорни автомобили во Германија. На сервисот ќе се провери и целосната електрична инсталација, а доколку постои некој пропуст истото ќе биде фиксирано на трошок на германскиот производител.

- Advertisement -

Дали има спорни примероци кои се наоѓаат надвор од Германија засега не е наведено. Сепак, со оглед на долгогодишниот извоз на половни автомобили од Германија, многу е голема веројатноста некои од спорните BMW автомобили да завршиле и на Балканот, вклучувајќи ја тука и Македонија.

Дали вашиот BMW автомобил е еден од наведените за повлекување може, со помош на VIN бројот на вашиот автомобил да проверите ТУКА.

 

  • ТАГОВИ
  • bmw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја