Проблемите со паркирање секогаш се „болна точка“ за возачите, но со изумот „парк асист“ во голема мера се олеснува целот процес. Во Volkswagen прославуваат 10 години откако овој систем првпат беше вграден во моделот Touran во 2016 година.
Јапонска Toyota имаше сопствен автоматски паркинг систем порано од Volkswagen, барем на јапонскиот пазар на почетокот на новиот милениум.
За Volkswagen се почна на почетокот на 2000-тите кога инженерите добија задача да смислат систем што ќе им помогне на возачите околу паркирање на места каде „од око“ неможе да се утврди дали е возможно возилото да се „турне внатре“. Тогаш на системот му требаа дополнителни 1,40 м. за да може да го паркира возилото, покрај должината на автомобилот.
На почетокот системот можеше да паркира само паралелно, и тоа со максимално две движења, а системот беше надграден во 2010 година и беше полесен за манипулирање. Две години подоцна Германците вметнаа опција со паркирање со помош на десниот агол, и благодарение на подобриот алгоритам, и 12 ултрасонични сензори, сега автомобилот можеше да се паркира на места каде покрај должината на возилото се потребни дополнителни 90 см.
Лани беше промовирана и третата генерација од овој систе, и сега дополнителната должината е намалена на 80 см. Дополнително е додаден и emergency brake, кој неможе д аго отстрани моментот на можен паркинг инцидент, но тоа го намалува на најмалку можен процент.
технологијата е сега достапна во Golf, CC, Passat, Sharan, Touran и Tiguan; но исто така и во Caddy и Crafter, комерцијалните возила, и ќе продолжи да се развива, овозможувајќи им на возачите да ги користат педалите за гаста и менувачот, додека автомобилот ја има контролата над управувачот.