Огромна инвестиција: Porsche со шест милијарди евра за електрификација

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Porsche планира до 2022 година да инвестира голема сума за спроведување на дело на програмата за воведувањето на пазарот на електичните автомобили. Сумата која е планирана е 6 милијрди евра, а овие пари ќе бидат насочени кон plug-in хибридните возила, но и кон целосно електричните возила.

„Ги удвојуваме нашите расходи за електрификацијата на возилата од околу три милијарди до над шест милијарди евра“, вели Оливер Блум, кој е претседател на Управниот одбор на Porsche AG.

Во продолжение од изјавата коментира за планот за натамошната работа на компанијата.

„Заедно со развојот на нашите модели со моторо со внатрешно согорување го преземема ова решение кое би требало да биде вистинското за иднината на компанијата“.

Од Porsche велат дека околу 500 милиони евра од предвидената инвестиција ќе биде одвоена за разработување на варијантите на Mission E и на негови деривати. Околу една милијарда евра ќе бидат насочени кон електрификација и хибридизација на актуелната продукција на гама возилата.

Електронската спортска разработка на Mission E ветува моќност од 600 коњски сили, а од Porsche ветуваат и возможност за забрзување од 0 до 100 километри на час за помалку од 3,5 секунди. Се очекува возилото да може да поминува околу 500 километри со едно полнење, а при употреба на инсталација за брзо полнење, електромобилот ќе добие шанса за дополниелни 400 километри и тоа со полнење од само 15 минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK