петок, 26 септември, 2026 година

Стотици поплаки по првата поправка – Grand Cherokee повторно мора на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Jeep повторно повлекува 328.381 примерок од Grand Cherokee, Grand Cherokee L и Grand Cherokee 4xe во САД поради задни спирални пружини што можат да се одвојат од возилото во движење. Дел од автомобилите претходно веќе биле проверени или поправени за истиот проблем.

Новото повлекување следува откако американската NHTSA добила поплаки дека пружините продолжиле да се одвојуваат и по извршената сервисна интервенција.

- Advertisement -

Повлекувањето опфаќа 97.477 примероци од Jeep Grand Cherokee произведени меѓу 17 мај 2021 и 31 мај 2023 година.

Најголем дел од сервисната акција отпаѓа на Grand Cherokee L. Опфатени се 215.433 возила произведени меѓу 5 декември 2020 и 31 мај 2023 година.

На списокот се и 15.471 примерок од plug-in хибридниот Grand Cherokee 4xe, произведен меѓу 4 август 2021 и 31 мај 2023 година.

Станува збор за возила од моделските години 2021–2023, во зависност од верзијата. Примероците со воздушна суспензија не се опфатени.

Проблемот е поврзан со неправилно поставување на задната спирална пружина и нејзиниот долен изолатор.

Доколку пружината излезе од правилната положба, може целосно да се одвои од возилото. Отпаднатиот дел претставува опасност за другите учесници во сообраќајот и може да предизвика несреќа.

Посебен проблем е што возачот можеби нема да добие претходно предупредување дека пружината се поместила.

Производителот проценува дека дефектот реално постои кај околу 0,1 процент од повиканите автомобили. Досега нема потврдени несреќи или повредени лица поврзани со проблемот.

Првата голема сервисна акција за проблемот беше спроведена во 2023 година. Подоцна NHTSA добила 20 поплаки за одвоени пружини кај автомобили што веќе биле поправени.

Поради тоа регулаторот во декември 2025 година отвори истрага за ефикасноста на првичната интервенција.

Според најновите документи, до август 2026 година биле евидентирани повеќе од 400 гарантни барања поврзани со задните пружини.

Овластените сервиси бесплатно ќе ги заменат долните изолатори на задните пружини. Сопствениците во САД треба да добијат известување меѓу крајот на септември и почетокот на октомври.

Засега нема потврда дека новото повлекување е проширено во Европа. Сопствениците на возила увезени од САД треба да го проверат идентификацискиот број на возилото во официјалната база на NHTSA.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја