Дали сте знаеле: 15 интересни факти за смартфоните

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните десетина години смартфоните се неизбежен дел од животот на современиот човек и веројатно малкумина се коие кои би можеле да поминат еден ден подалеку од својот мобилен апарат. Веќе е нормално насекаде да се гледаат луѓе коишто се загледани во мобилните телефони. Тоа се случува и додека се движат по улица, во автобус, додека чекаат ред…

Во меѓувреме во Министерството за здравство во Калифорнија објави интересни информации поврзани со влијанието на смартфоните врз здравјето на луѓето на долгорочен план. Експертите се едногласни дека треба да се ограничи употребата на смартфоните.

Влијанието на мобилните телефони врз животот на луѓето станува сè поголемо на различни ниво, Затоа еве неколку интересни факти, кои можеби не ги знаете за смартфоните.

  1. Користењето на мобилните телефони одзема околу 87 проценти од времето на корисниците, кои го минуваат во користење на своите смартфони.
  2. Човек испраќа и добива многу повеќе пораки преку телефонот отколку што зборува на него. Доказ за тоа е и известувањето од 2015 година според кое просечен корисник од САД разменува во просек 32 пораки дневно, а има едвај шест разговори.
  3. Првиот рачен мобилен телефон е пуштен во продажба во 1984 година. Тој е произведен од Motorola и е наречен DynaTAC 8000X. На него лицето кое го користело можело да говори едвај пола час.
  4. Тој тежел околу 800 грама и затоа често го нарекувале The Brick (цигла). Цената не била за потценување бидејќи се продавал за 3995 долари.
  5. За да може идејата за развој да прерасне во реалност Motorola потрошила околу 100 милиони долари за научна и развојна дејност.
  6. Првиот „паметен“ телефон во светот или како што денес се нарекува – смартфон е пуштен од IBM и BellSouth Cellular. Се нарекува Simon.
  7. Тој излегува на пазарот во 1994 година и тогаш се продава по цена од 899 долари.
  8. Само во 2016 година на 161000 корисници им биле украдени лични податоци преку смартфон.
  9. Најпопуларни десет апликации на мобилните телефони преку летото во 2017 година биле: Facebook, YouTube, Facebook Messenger, Google Search, Google Maps, Instagram, Snapchat, Google Play, Gmail и Pandora.
  10. Во јуни во 2017 година во светот има 5 милијарди лица кои користат интернет преку мобилниот телефон. Тоа е околу две третини од населението на Земјата.
  11. Во 2014 година првпат бројот на мобилни апарати е над бројот на жители на планетата. Активните SIM картички се над 7,2 милијарди.
  12. Во Јапонија околу 90 проценти од телефоните се водоотпорни.
  13. Android уредите се многу повеќе од iOS, а во 2016 година тие претставуваат 88 проценти од светскиот пазар.
  14. Во 2016 година топ 5 на земјите со најголем број на претплати за смартфон и мобилни услуги се Јужна Кореја, Австралија, Израел, САД и Шпанија.
  15. Дури 46% од Американците велат дека „не можат да живеат“ без својот смартфон.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK