Во време кога автомобилската индустрија забрзано се менува, Hyundai ви го претставува првиот целосно електричен седан во историјата – IONIQ 6, модел кој поставува нови стандарди во дизајнот, технологијата и ефикасноста.
Со својот препознатлив аеродинамичен изглед, IONIQ 6 е создаден да понуди повеќе од обично возачко искуство.
Секој детал е внимателно дизајниран со цел да обезбеди максимална ефикасност, врвно ниво на удобност и поврзаност.
Под елегантниот екстериер се наоѓа напредна електрична платформа со батерија од 77.4 kWh, која овозможува домет до 614 километри, правејќи го моделот подеднакво практичен за секојдневно користење и за подолги патувања.
Покрај перформансите и технологијата, IONIQ 6 се издвојува и со својата економичност. Со пресметка базирана на евтина тарифа за електрична енергија за домаќинство (4.7074 ден/kWh), трошокот за возење изнесува само 59 до 70 денари за изминати 100 километри, што претставува значителна предност во однос на традиционалните возила.
Во актуелната понуда се достапни две варијанти:
• IONIQ 6 Ultimate AWD (4×4) со 20” алуминиумски фелни, домет до 519 км и трошок од 70 денари на 100 км со цена од 46.900€
• IONIQ 6 Ultimate RWD (заден погон) со 18” алуминиумски фелни, домет до 614 км и трошок од 59 денари на 100 км со цена од 42.900€
Покрај ниските трошоци за енергија, електричниот погон овозможува и поедноставно одржување, тивко и мазно возење, како и најсовремени безбедносни и асистентски системи кои го унапредуваат секое патување.
IONIQ 6 не е само одговор на денешните предизвици, туку визија за иднината на мобилноста, каде дизајнот, технологијата и ефикасноста се во совршен баланс.
Понудата погледнете ја на: https://hyundai-mk.mk/ponuda/naelektrizirana-ponuda-za-hyundai-ioniq-6









