сабота, 26 март, 2026 година

Skoda заминува од Кина по 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Skoda ќе го напушти кинескиот пазар до средината на 2026 година, по две децении присуство и драматичен пад на продажбата. Брендот, кој некогаш продаваше повеќе од 300.000 возила годишно во Кина, лани падна на само 15.000 испорачани автомобили, додека фокусот сега се префрла кон Индија и Југоисточна Азија.

Skoda се повлекува од кинескиот пазар по 20 години присуство, а продажбата на моделите на овој бренд во Кина ќе биде постепено укината до средината на 2026 година. Информацијата ја потврдија повеќе извори, при што Reuters наведува дека одлуката е донесена по долгорочен пад на продажбата и сè помалата можност брендот да им парира на локалните кинески производители во пазар што брзо се префрла кон електрични возила.

- Advertisement -

За Skoda, ова е крај на една важна етапа, бидејќи Кина со години беше нејзин најголем поединечен пазар. Според податоците што ги пренесуваат Reuters и други медиуми, брендот испорачуваше повеќе од 300.000 возила годишно во периодот од 2016 до 2018 година, а врвот беше достигнат во 2018 со околу 341.000 продадени автомобили. Денес сликата е целосно поинаква.

Падот почна по пандемијата и потоа стана сè подлабок. Продажбата спушти од 282.000 возила во 2019 година на 173.000 во 2020, потоа на 71.000 во 2021, 44.500 во 2022, 23.000 во 2023, 17.500 во 2024 и само 15.000 во 2025 година. Годишниот извештај на Skoda исто така потврдува дека во 2025 година во Кина се продадени 15.000 возила, што е пад од 14,5 проценти во однос на 2024 година.

Главната причина за повлекувањето е јасна – Skoda не успеа навреме да се прилагоди на огромната трансформација на кинескиот пазар, каде домашните брендови доминираат со технолошки напредни и ценовно агресивни електрични модели. Reuters наведува дека брендот имал тешкотии да остане конкурентен во EV сегментот, а South China Morning Post дополнува дека странските марки сè повеќе ја губат привлечноста на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Дополнителен проблем е тоа што понудата на Skoda во Кина долго време не доби сериозно освежување. Токму недостигот од нови модели и иновации по пандемијата ги оттурнал локалните купувачи, кои во меѓувреме се свртеле кон кинески марки со помодерни и понапредни автомобили. Обидите за поправка на ситуацијата не дале резултат, а дури и во рамки на Volkswagen Group, фокусот во Кина сега е многу повеќе ставен на Volkswagen и Audi.

Ова повлекување, сепак, не значи целосно повлекување на групацијата од Кина. Reuters наведува дека Volkswagen и Audi остануваат клучни брендови за групацијата на кинескиот пазар, додека Skoda ќе ги пренасочи своите напори кон побрзорастечки региони како Индија и Југоисточна Азија. Тоа се вклопува и во пошироката стратегија на брендот, кој веќе бележи подобри резултати на некои други пазари надвор од Кина.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја