петок, 26 март, 2026 година

Stellantis повторно повлекува модели во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Stellantis повторно отвори голема сервисна кампања во Европа, овојпат за возила со 1.2-литарски турбо-хибриден бензински мотор. Причината е технички проблем што во одредени услови може да предизвика прегревање, а во најлош случај и пожар во моторниот простор.

Stellantis започна ново повлекување на возила во Европа, кое опфаќа девет модели опремени со 1.2-литарски трбо-хибриден бензински мотор. Кампањата доаѓа само неколку дена по друга сервисна акција поврзана со 1.5 BlueHDi моторите, што дополнително го зголемува притисокот врз групацијата.

- Advertisement -

Во основата на проблемот, според објавените информации, не е самиот мотор, туку недоволното растојание меѓу две компоненти – каналот на филтерот за честички и заштитниот капак на 48V стартер-генераторот. Токму ова мало растојание може да доведе до триење меѓу деловите, а во услови на влага да предизвика навлегување вода, електричен лак и прегревање. Во најтешките случаи, постои и опасност од појава на пожар.

Според некои извори кои пишуват за оваа сервосна акција, Stellantis досега регистрирал 36 инциденти поврзани со овој дефект, од кои 12 завршиле со пожар во моторниот простор. Добрата вест е што не се пријавени повредени лица, па затоа и целата акција засега се води како превентивна мерка.

Во Франција, каде првично беше објавена оваа сервисна кампања, станува збор за повеќе од 210.000 возила, поточно 211.725 примероци произведени меѓу 2023 и 2026 година. Сепак, информациите што подоцна се појавиле од Италија укажуваат дека проблемот не е ограничен само на францускиот пазар, туку се проширува и на други европски земји. Во Италија, на пример, веќе се спомнува recall кампањата F60E за возила произведени меѓу 2024 и 2026 година.

Техничкото решение, барем според досега достапните информации, не е сложено. Во сервисите се заменува заштитниот капак со подобрена верзија, се проверува растојанието меѓу компонентите и по потреба се врши корекција. Интервенцијата трае околу 30 минути и е целосно на товар на производителот. Сопствениците на погодените возила ќе бидат контактирани постепено за да закажат сервис.

На листата на засегнати модели се наоѓаат возила од Alfa Romeo, Citroen, DS, Fiat, Jeep, Lancia, Opel и Peugeot, при што токму Peugeot носи најголем дел од вкупниот број. Ова покажува дека проблемот не е изолиран на еден бренд, туку ја засега целата Stellantis мрежа што го користи овој 1.2-литарски хибриден погон.

За Stellantis, ова е нов удар во момент кога 1.2 PureTech моторот и онака веќе има нарушена репутација поради претходни контроверзии и технички проблеми. Затоа ова повлекување е важно не само како сервисна акција, туку и како тест за тоа колку брзо и ефикасно компанијата може да реагира за да ја врати довербата кај клиентите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја