Stellantis повлече вкупно 320.065 возила од моделите Jeep Wrangler и Grand Cherokee во САД поради потенцијален дефект на високонапонската батерија кој може да предизвика пожар, соопшти Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA).
Американскиот регулатор за безбедност на возила ги предупреди сопствениците привремено да ги паркираат автомобилите на отворено и подалеку од објекти, како и да не ги полнат батериите сè додека производителот не обезбеди решение, пренесува Reuters.
Во соопштението се наведува дека мерката е превентивна, и дека досега не е забележан голем број инциденти поврзани со овој дефект.
NHTSA додаде дека ќе продолжи да ја следи состојбата и дека Stellantis мора да обезбеди трајно решение пред возилата повторно да бидат безбедни за полнење и редовна употреба.
Оваа одлука доаѓа само еден месец по повлекувањето на повеќе од 298.000 автомобили во САД во октомври поради потенцијален ризик од самостојно придвижување на возилото.









