Следната година Volkswagen ќе го одбележи златниот јубилеј на легендарниот GTI, а по тој повод ја претставува специјалната серија Golf GTI Edition 50 – најмоќниот, најбрзиот и највпечатливиот GTI досега. Со 239 kW (325 коњски сили) и вртежен момент од 420 Nm, овој компакт спортски модел достигнува 270 km/h и забрзува од 0 до 100 km/h за само 5,3 секунди. Цените во Германија започнуваат од 54.540 евра, а нарачките веќе се отворени.
Трите букви GTI веќе 50 години претставуваат симбол на спортски дух и возачка емоција, кои го дефинираа Volkswagen низ генерации. Од првиот Golf GTI од 1976 година до денес, се произведени над 2,5 милиони примероци, а Edition 50 ја продолжува оваа легендарна приказна.
Со 18 kW повеќе од GTI Clubsport, новиот Edition 50 поставува нови стандарди во перформансите на Golf. Моделот располага со McPherson предна оска и четирилинк задна оска, со суспензија понижена за 15 mm во однос на стандардниот Golf.
Во сериска опрема доаѓа со DCC адаптивна контрола на амортизерите и 19-инчни Queenstown алуминиумски бандажи со црвен сјај.
За ентузијастите кои бараат нешто повеќе, достапен е GTI Performance пакет.
Овој додаток вклучува Bridgestone Potenza Race полу-сликови гуми (235 mm) монтирани на 19-инчни Warmenau фелни, R-Performance издувен систем од титаниум и Performance шасија спуштена за дополнителни 5 mm. Предната суспензија е со поголем негативен камбер од -2°, а вкупната тежина е намалена за околу 30 килограми.

Легендарниот тест-пилот Бенџамин Лојхтер го потврди потенцијалот на моделот на Нирбургринг каде во април 2025 година постигна време од 7:46.13 минути – најбрз круг во историјата за сериски Golf.
Golf GTI Edition 50 носи бројни ексклузивни дизајнерски елементи инспирирани од мотоспортот. Во кабината доминираат спортски седишта со препознатлив кариран дезен, темнозелени детали и црвени безбедносни појаси.
На воланот се истакнува алуминумската ознака „50 Years GTI“ и лостови за менување брзини преку седумстепен DSG менувач.
Однадвор, моделот е лесно препознатлив по GTI 50 логото на спојлерот и ретровизорите, црна боја на покривот и издувните цевки, како и црна странична лента што преминува во Tornado Red – потсетник на класичниот дух на GTI.

Во стандардна опрема влегуваат IQ.LIGHT LED Matrix предни светла,
црн покрив, 19-инчни Queenstown фелни и DCC активна суспензија.
За дополнителни 4.200 евра може да се нарача GTI Performance пакетот,
а првите испораки се очекуваат во првиот квартал на 2026 година.









