понеделник, 25 декември, 2025 година

Тренески и Блажевски во Топ-5 во Чешка на Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сите тројца Македонци кои настапија на трката од Twingo Cup на патеката Мост во Чешка стигнаа на целта, а за малку му избега подиумот на Стефан Тренески. Адо Хамзиќ кој ја пропушти претходната трка сега го освои 16. место

Стефан Тренески тргна од пол позицијата на трката од Twingo Cup во Мост, Чешка но трката ја заврши на четвртата позиција и за малку не се искачи на пиедесталот. Нашиот возач кој ја вози дебитантската сезона во Twingo имаше најдобро време во квалификациите и добро ја почна трката.

- Advertisement -

Марко Блажевски стартуваше од 6. место, а Адо Хамзиќ во конкуренција на 20 возачи кои се појави на тренинзите имаше 14. најдобро време.

Иако стартуваше одлично Тренески се држеше три круга под силен притисок на Ник Стефанчиќ кој постојано беше залепен за браникот на твингото на нашиот млад возач. И по седум минути возење на еден свиок Тренески малу влезе пошироко оставјќи простор кој го искористи Стефанчиќ, но и Ник Полајнец и Јорг Содник. Сите тие го престигнаа нашиот возач кој падна на 4. место.

Потоа поради излетување на два возачи кои останаа преблиску до патеката везе безбедносното возило и девет минути се расчистуваше патеката, по што трката продолжи. Треенски остана на 4. место, но затоа Марко Блажевски падна неколку позиции и тоа за само неколку свиоци.

Адо Хамзиќ во долниот дел од колоната се држеше и се носесе со ривалите. Во една мешаница загуби две места, стигна до 16 место и на тоа остана до крај.

Тренески се бореше и за момент се искачи на третото место, но за кратко, па остана како четвтопласиаран. Блажевски во самиот финиш шрестигна неколкумина и од 8 и 9 место на кое за моменти беше дојде до 5. место.

Во последните метри на стартно-целната рамнина Ник Полјанец за сантиметри беше поблиску до целта од Ник Стефанчиќ и на подиумот имаше словенечко трио: Полјанец – Стефанчиќ – Содник.

Тројца Македонци викендов возат Twingo Cup во Чешка

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја