Citroen C3 Aircross и на македонскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Сите оние кои со нетрпение го очекуваа новиот компактен SUV Citroёn C3 Aircross од неодамна имаат можност одблиску да се запознаат со новото возило. Citroёn C3 Aircross ќе ве плени со својата енергичност, оригиналност и свежина.

Тој е најпространиот автомобил во класата, со зафатнина на багажниот простор од 520 литри. Со високо поставената архитектура спојува две круцијални вредности, компактен однадвор и вистински внатрешен патнички простор. Неговиот издржлив и иновативен карактер се нагласува со можноста за персонализација со избор од 90 комбинации на боја на каросерија и пет амбиенти на внатрешниот простор.

Кај Citroёn C3 Aircross на располагање се прецизни и ефикасни мотори и тоа бензинските мотори PureTech со најнова технологија и дизел верзиите на најновите мотори BlueHDi кои гарантираат удобно возење, голема економичност и почитување на околината.

Опремен е со модерни технологии вклучувајќи 12 системи за помош во возењето меѓу кои: head up дисплеј во боја, предупредување за ненамерно преминување на коловозна лента, систем за надгледување на мртов агол, препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки, предупредување при намалено внимание кај возачот и корисните технологии од типот на Park Assist (активна помош при паркирање) и камера за движење наназад.

Подвижен во град, но подготвен и за отворен пат, благодарение на системот Grip Control со помош при тргнување на надолнина. Новиот C3 Aircross може да замине во авантура на секаков вид подлога и во сите временски услови.

Дознајте повеќа на http://www.citroen.com.mk/vozilo/citroen-c3-aircross/ или во продажната мрежа на Citroёn во Македонија.

Соопштение на Автонова

Следете не и на:

24AUTO NETWORK