Opel Mokka модерен и впечатлив SUV модел кој веќе го привлекува вниманието на љубителите на урбан дизајн и технолошка иновација со својот редизајн пристигна во Македонија.
Моделот беше изложен во заводливата металик нијанса Tropical Green, во бензинска изведба со 1.2-литарски мотор со 136 коњски сили и GS ниво на опременост. Opel Mokka со Edition ниво на опременост веќе е достапна на македонскиот пазар по цена од 21.990 евра. Дополнително, моделот се нуди и во хибридна и целосно електрична верзија.
Новата Opel Mokka се издвојува со својот смел дизајн, заострени линии и свежи детали кои го нагласуваат нејзиниот уникатен карактер. Моделот е достапен во три нови нијанси: Kolibri Blue, Tropikal Green и Graphik Grey. Комбинацијата со опционалниот Karbon Black покрив и црн капак на моторот создава контраст кој не остава никого рамнодушен.
„Новата или ре-дизајнираната Mokka припаѓа на B-SUV сегментот и е една од највпечатливите во својата класа. Новите бои и технологијата ја прават уште посмела и поинспиративна,“ изјави Драган Јовев, Продукт менаџер за Opel во Еуроимпекс.
Новата Mokka ја следи стратегијата на „детокс“ дизајн и одржливост. Внатрешноста користи материјали од рециклиран состав, со фокус на чисти линии и јасни форми. Централната конзола и новиот кокпит нудат чувство на возење во повисока класа на возила.
Инфоразвојниот систем сега вклучува 10-инчен дигитален дисплеј и централен екран на допир, со можност за персонализација и гласовна контрола преку „Хеј, Opel“. Поврзувањето со паметен телефон е целосно безжично, а апликацијата myOpel овозможува практични функционалности за навигација и EV рутирање.

Новата Opel Mokka се нуди со бензински мотор (1.2 136 КС), како хибридна верзија со 48V технологија (100 kW / 136 КС) и целосно електрична варијанта (115 kW / 156 КС) со 54 kWh батерија и автономија до 403 км (WLTP2). Хибридната изведба овозможува електрично возење во урбани услови со значително пониска потрошувачка и емисии.
Заинтересираните клиенти можат да закажат тест возење или да ја посетат најблиската локација на Opel во Македонија. За повеќе информации, посетете ја www.opel.mk.









