Апликацијата ќе работи на неколку јазици и е дел од дигиталните експерименти на германската компанија.
Германскиот производител на автомобили Mercedes планира да отвори сопствена апликација во која клиентите ќе можат да ги адресираат своите прашања до компанијата. “Прашајте go Мерцедес” е дело на Daimler и ќе биде дигитален асистент што ќе биде достапен на неколку пазари на почетокот, а глобално лансирање е планирано во подоцнежна фаза.
Апликацијата ќе работи на неколку јазици и е дел од дигиталните експерименти на германската компанија. “Прашајте го Мерцедес” ќе биде достапна и за постојните и за потенцијалните клиенти на брендот. Покрај тоа, таа ќе понуди 24/7 помош и ќе користи гласовни команди или текстуални пораки.
“Тоа е апликација која ќе им помогне на клиентите да ги научат и да ги користат сите карактеристики на нивните автомобили”, изјавил Саби Шонерт, директор за дигитален развој во Mercedes.
Некои аналитичари сметаат дека некои или сите карактеристики на апликацијата ќе им бидат доверени на чет ботовите кои ќе одговараат на прашања на клиентите, симулирајќи разговор. Апликацијата може да се инсталира и во инфозабавниот систем на автомобилот и на телефонот на корисникот.