среда, 26 март, 2026 година

Следната Alfa Romeo Giulia нема да биде седан

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Alfa Romeo Giulia оваа година наполни 10 години присуство на автомобилската сцена, што го прави еден од најстарите седани што се уште се продаваат. За жал, спортскиот семеен автомобил со триволуменска форма во Италија не е повеќе за овој свет, а со неговото претстојно заминување, традиционалниот стил на каросеријата ќе умре со него. Кога ќе пристигне во 2026 година, втората генерација на Giulia нема да биде седан. Наместо тоа, брендот Stellantis ги протресува работите со нов облик како одговор на намалената побарувачка за традиционалните креации со четири врати.

Новиот извршен директор на Alfa Romeo, Санто Фицили (исто така задолжен за Maserati), го направи важното обелоденување во интервју за француското издание L’Argus. Тој рече дека променетата следна генерација на Giulia ќе прифати „нов дизајн и нов тип на каросерија“. Тој посочи дека ќе има знаци за SUV верзија, што веќе подолг низ на години е светски тренд во автомобилската индустрија: „Неговата платформа ќе биде иста како онаа на Stelvio. Така можете да замислите какво возило ќе понудиме“.

- Advertisement -

Но, логиката ни кажува дека тоа нема да биде полноправно crossover модел. На крајот на краиштата, Stelvio веќе ја презеде таа улога и ќе продолжи со следната генерација, која ќе дебитира до крајот на оваа 2025 година. Трансформирањето на Giulia во „теренец “, патем со слична големина, ќе ја канибализира продажбата, бидејќи двата модели би се судриле на пазарот и би си ги „грабале “ купувачите еден од друг!.

Претставниците на компанијата претходно сугерираа дека новата Giulia ќе биде лифтбек со пет врати, сличен на Citroën C5 X, Peugeot 4008 и неодамна претставениот DS N°8.

Очекувајте поголемо растојание од типичната лимузина, но најверојатно автомобилот нема да седи високо како следниот Stelvio. Веројатно е да има нерамна линија на покривот, што ја намалува практичноста, наместо повеќе рамниот покрив на SUV моделот, кој го зголемува просторот за главата и товарниот капацитет.

Каков и да е случајот, следната генерација на Giulia ќе изгледа „бомбата“. Во изјавата за Motor1 минатата година, поранешниот извршен директор на Alfa Romeo, Жан Филип Импарато, рече: „Она што го дизајниравме е бомба. Не можевме да го финализираме стилот на овој автомобил без да бидеме апсолутно вљубени во него. И сега сме!“ Исто така, знаеме дека ќе биде поголем од моделот во заминување откако ќе се префрлиме од платформата Giorgio вредна милијарди долари на новата архитектура STLA Large на Stellantis.

Денешната Giulia е долга само 4643 милиметри, но новите подлоги се за возила кои се протегаат од  4765 mm до 5,106 mm. Автомобилот исто така ќе биде поширок, растејќи од ширината на сегашниот автомобил од 2024 mmсосе ретровизорите) до некаде помеѓу 1897 mm и 2029.5 mm.

Со своето растојание помеѓу оските од 2919,4 mm, сегашната Giulia е критикувана за тесните задни седишта, но неговата замена може да го реши тој проблем. Платформата STLA Large беше замислена за возила со растојание помеѓу оските од 2870.2 mm до 3074 mm.

За разлика од сегашната Giulia само на бензин, неговиот наследник ќе се базира на платформа „BEV-native“. Сепак, според Санто Фицили, за Stelvio се уште се планирани мотори со внатрешно согорување. Дополнително, очекуваме и поевтините модели на Giulia да имаат моќност на мотори со внатрешно согорување и тоа: V-6 добиен од Ferrari на Quadrifoglio заминува, но не губиме надеж за нов бензински мотор со шест цилиндри. Механички поврзаниот Dodge Charger Sixpack има twin turbo, 3.0-литарски „Hurricane“ со шест  цилиндри во линија со моќност до 550 коњски сили.

Alfa Romeo отстапи од својата цел да стане чисто електричен бренд во Северна Америка во 2027 година, и има добри шанси да ги задржи моторите со согорување и на другите пазари.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја