недела, 25 ноември, 2025 година

Освежената Skoda Fabia наскоро во Македонија (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Škoda го освежи и го наполни со технологија својот популарен модел од B сегментот, а почетокот со продажба на Fabia на европскиот пазар е одбележан со свежа галерија фотографии од овој автомобил.

Кога станува збор за дизајнот, од напред се променети светлата и маската на системот за ладење, додека на задниот дел се рестилизирани браникот и стоп светлата, а на купувачите по прв пат во Fabia им се достапни LED предни и задни светла.

- Advertisement -

Понудата на алуминиумски фелни кај хечбек верзијата е проширена со гуми од 18 инчи. Fabia доби и нови системи на асистенција, со што поединечни технологии за активна безбедност се спуштаат во пониските сегменти на возилата на Škoda. Автомобилот е опремен со електронски систем за воочување на другите автомобили кои што се наоѓаат во мртвиот агол и предупредување на возачите за нивно присуство.

Редизајнираната Fabia има и систем кој внимава на случувањата зад возилото и го алармира возачот ако постои опасност од судир од позади. Уште една новина е Light Assist, автоматско исклучување на долгите светла во случај на доаѓање на автомобили во спротивен правец.

Škoda во новата Fabia го унапреди и мултимедијалниот систем Swing кој сега има 6,5 инчен екран. Во верзијата со вграден навигациски систем, на возачот на располагање му се сервисни информации за состојбата и условите во сообраќајот во реално време.

SmartLink+ технологијата со функциите Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLinkTM и SmartGate овозможува едноставно поврзување со smart уреди и пренесување на нивната содржина на екранот од мултимедискиот систем на Fabia.

Рестилизираната Fabia наскоро ќе пристигне во Македонија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја