Компанијата на Xiaomi за електрични возила објави дека го завршил проширувањето на својата фабрика, ставајќи си цел да ја надмине првичната цел од 100.000 испораки на електрични возила оваа година. Всушност, Xiaomi има за цел да ја достигне оваа пресвртница до почетокот на ноември, цели два месеци порано од планираното.
Движечката сила зад овој успех е несомнено SU7, дебитантскиот електричен автомобил на Xiaomi. Веќе има над 30.000 единици што се испорачани. За да го поддржи овој брз раст, Xiaomi брзо ја проширува својата мрежа за продажба и услуги во Кина.
Целта на компанијата е да има стабилно присуство во 59 градови до крајот на годината, со што ќе се осигура дека клиентите ќе имаат лесен пристап до купување и сервисирање на нивните електрични возила.
Се очекува наскоро компанијата да го претстави својот втор модел, но засега нема конкретни информации кога точно ќе се појави.