Себастијан Ожије в година ќе вози Ford!

ОБЈАВЕНО НА:

Според пишувањето на француските медиуми, светскиот првак во рели, Себастијан Ожије ќе потпише за екипата на M-Sport. Веќе наредните денови би требало да се обелодени соработката меѓу Французинот и шефот на тимот, Малком Вилсон.

Ожије кој досега возеше за Volkswagen и беше неприкосновен би требало да потпише едногодишен договор. M-Sport подготвува возила на Ford за СП во WRC. Неделава се вози трка во Австралија, и можно е веќе следната недела да му биде дозволено на Ожије да почне да работи со новиот тим.

Тој има договор со Volkswagen до крајот на годината, но со оглед на тоа што германците се повлекуваат од ова првенство, се шпекулра дека ќе му дозволат предвреме на својот возач да се вклучи во програмата на M-Sport.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK