ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ли цената на полисите за автоодговорност?

ОБЈАВЕНО НА:

Осигурителните компании сакаат и најавиле зголемување на цената на задолжителното автомобилско осигурување. Нема најави колку би било тоа зголемување и која е причината за таквата мерка. Ако се одобри, на следната регистрација ќе треба да платите некој денар повеќе.

Но, според Агенцијата за супервизија на осигурување зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

Во известувањето на Агенцијата се вели:

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.
Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.“

Следете не и на:

24AUTO NETWORK