Менаџментот на концернот Daimler AG сака да ги оддели во независни компании Mercedes-Benz Cars & Vans и Mercedes-Benz Trucks & Buses. Ако тоа се случи под закрилата на Daimler ќе има три независни една од друга компании, бидејќи делот Daimler Financial Services е веќе самостојно правно лице.
За првата фаза од реорганизацијата на концернот ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра. Независниот статус на компаниите ќе им овозможи флексибилно да реагираат на промената во конкурентна средина на автомобилскиот пазар. Неофицијално, идејата за поделба на концернот доаѓа од шефот на управувањето на Daimler AG, Дитер Цече, кој треба да замине во пензија по истекот на неговиот договор со компанијата во 2019 година.
Одлуката за реорганизација на Daimler AG треба да биде одобрен од Надзорниот одбор на концернот, чија седница треба да биде во најскоро време, бидејќи при позитивно решение Daimler AG ќе треба да префрли во пензискиот фонд 3 милијарди евра.
Во концернот сметаат дека новата структура нема да доведе до намалување на персонал или промена во размената на технологии меѓу единиците. Отцепувањето на единиците во независни една од друга компании треба да помогне во привлекувањето на нови инвестиции за развој, да обезбеди пристап до поевтини кредити, бидејќи тие нема да бидат обврзани со некакви обврски кон концернот како целина.

Следете не и на:

