Поспаност, брзина, невнимание – Од што најмногу се гине на патиштата?

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД лани бил зголемен бројот на загинати лица на патиштата, и тоа за 5,6 отсто, односно имало 37.461 сообраќајка со фатални последици. Бројките што ги објави NHTSA, националната агенција за безбедност на патиштата е загриживачка, особено што има зголемување на сообраќајките поради не користење на сигурносниот ремен, алкохолот и зголемената брзина.

Во делот на причините за сообраќајките се споменува поспаност и вознемирено возење каде има намалување на бројот на несреќи, но затоа има зголемување на друго поле. Oд вкупниот број на сообраќајки дури 10.497 биле поради возење во пијана состојба, а 10.111 зашто се возело со поголема брзина од дозволената. Кај двата случаи има зголемување од 1,7 отсто и од 4 отсто.

Најлоша статистика има во однос на некористење на сигуносниот ремен, и поради таа причина имало 10.428 сообраќајки со жртви. Лани имало и зголемување на смртноста на моторциклите и пешаците, и овие зголемувања се највисоки од 1990 година досега.

И покрај ваквите бројки статистики гледано шансите да загинете во возило се 1,18 загинати на секои 160 милиони километри извозени лани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK