Во чест на 20 годишнината од основањето на независната организација Euro NCAP, снимено е видео што им овозможува на гледачот да видат како изгледа еден ваков тест о двнатрешноста на возилото, и како тоа го “чувствуваат” куклите за време на тестовите.
Според податоците на Euro NCAP, за 20. години постоење, биле искористени над 1.800 автомобили за тестирања, и потрошени се речиси 160 милиони евра, без да се смета цената на автомобилите. Но, според пресметките на експертите, тестовите на Euro NCAP организацијата спасиле над 78.000 животи.
Се работи за видео од 360 степени, кое ви овозможува да ги гледате работите со очила за виртуелна реалност, компјутер или паметен телефон.