Електричното Porsche ќе биде поевтино од Tesla Model S

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на првиот електричен автомобил на Porsche ќе започне кон крајот на 2019 година и тоа по цена од 85.000 долари, објави извршниот директор на компанијата, Оливер Блум. Ова е поевтино не само од Panamera, туку и од помоќните верзии на главниот конкурент Tesla Model S.

Електричниот автомобил, чие име се уште не е познато, нема драматично да се разликува од прототипот Mission E, прикажан во 2015 година, со два електрични мотори со вкупна моќност од 600 КС.
Стандардната верзија на концептот ќе забрза од 0 на 100 км/ч. за 3,5 секунди и максималната брзина ќе биде ограничена на 250 км/ч.

Електричниот Porsche ќе може да вози до 500 км со едно полнење. Посебен брз полнач ќе наполни 80 отсто од капацитетот на батеријата за 15 минути.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK