BMW ќе понуди 25 електрични возила до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили BMW објави дека подготвува 25 електрични модели што ќе ги промовира до 2025 година. Од таа бројка 12 ќе бидат целосно електрични, и целта ќе биде да се стигне Tesla. Тие ќе можат да патуваат или 700 километри со едно полнење, тврди Халард Кругер, Главниот извршен директор

Претходно уште еден важен производител на автомобили Jaguar Land Rover, ги објави плановите за префрлување само на електрични модели до 2020 година.

BMW, исто така, планира да ги направи сите автомобили произведени или целосно електрични или хибриди до 2020 година.
Компанијата планира да прикаже следната недела на саемот на автомобили во Франкфурт целосно нов електричен модел со 4 врати со нулта емисија. Моделот ќе биде позициониран во понудата помеѓу сегашните модели i3 и i8.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK