Син Peugeot 104 украден во Франција во 1979 година неодамна бил пронајден и му бил вратен на сопственикот. Возилото било најдено во мочуришпте, и било во добра состојба освен што бил полн со ракови.
Француската полиција се пофали дека ја решиле кражбата, а автомобилот бил пронајден во мочуриште околу 160 км. источно од Париз. Откако било проверено дека внатре нема тело, истото било извлечено.
Со оглед на тоа колку време било возилото во вода истото е во одлична состојба. Се уште бојата била сочувана заедно со хромираните делови на браникот, па дури и седиштата во внатрешноста биле сочувани.
Автомобилот тешко дека ќе биде во возна состојба, бидејќи моторот зарѓал.