Smacircle S1 – велосипед што го собира во ранец

ОБЈАВЕНО НА:

Старт ап компанијата Smacircle Technologies неодамна го промовираше електричниот велосипед кој може да се спакува и во обична торба или ранец – Smacircle S1.

Велосипедот лесно се расклопува за транспортирање во ранецот. Тежи помалку од седум килограми, а може да постигне брзина од 20 километри на час.
Smacircle Technologies во моментот собира средства за да стартува со сериско производство, а во меѓувреме Smacircle S1 може да се нарача онлајн.

Интересно е дека велосипедот се поврзува со паметниот телефон на корисникот и се активира преку апликација која се инсталира на апаратот. Без апликацијата невозможно е да го придвижите.

https://youtu.be/ZE3mmTuw0B8

Следете не и на:

24AUTO NETWORK