Традиционално кога се работи за моделот Golf, од Volkswagen знаат дека големите промени не секогаш се прифаќаат од купувачите, па затоа секоја нова генерација е всушност еволуција, отколку револуција.
Денеска од компанијата беа објавени и фотографиите и видео на редизјанот на седмата генерација, од каде се забележува дека визуелните промени во однос на сегашната верзија и не се големи.
По четири години од постоење на актуелната седма генерација на Golf, сега повеќе се одело на повеќе вклучување на нова технологија и системи за помош на возачот, отколку надворешно шминкање.

Најголемите промени ги има во гамата на мотори, пред се тука е новиот 1,5 литарски TSI Evo бензински со 150 КС и 25 Нм вртежен момент. Моторот располага со систем за декативација на цилиндрите, а потрошувачката е 4,9 литри на 100 км. додека емисијата на ЦО2 е 110 г/км. Неговата BlueMotion верзија со 130 КС и 200 Нм. има потрошувачка од 4,6 литри, а емисијата на ЦО2 е 104 г/км.

Промените што сега ги има кај моделот, пред се оние надворешните се однесуваат на обновени браници, хромирана лајсна на долниот дел н апредната решетка, дотерани ЛЕД светла, целосно ЛЕД задни светла, нов дизајн на тркалата и издувната цевка, а истовремено ќе може да се избере и меѓу неколку нови бои за каросеријата.
Измени има и во внатрешноста, во однос на 12,3 инчниот дигитален кокпит кој сепак е како опција при нарачката, и Discover Pro инфотеинмент систем со 9,2 инчен тач скрин екран, и контрола на гестикулациите. Новиот Golf може да се нарача со Traffic Jam Assist функција што овозможува и полуавтоматско возење, а тука се и ACC (адаптивниот круз контрол), Emergency Assist систем, и Trailer Assist систем.
Има подобрувања во суспензијата, подобрени возни својства и унапред комфорт.
Покрај 1,5 литарскиот TSI Evo бензински мотор, засилена е и верзијата на Golf GTI, па сега основната верзија наместо 220 КС или 230 КС, додека GTI Performance варијантата развива 245 КС. Има и потполно нов седумстепен менувач со двојно квачило што треба да го замени сегашниот шестстепен DSG.

Во понудата останува и хибридниот GTE, додека унаппредената верзија на елкетричниот e-Golf ќе биде претставена на претстојниот саем на автомобили во Лос Анџелес.
Нарачките за новиот Golf во Германија ќе се примаат уште од крајот на овој месец, а кај дилерите испораките се најавени за февруари и март следната година.
Цената на основната верзија со 1,2 литарски бензински мотор со 85 КС и мануелен петстепен менувач на германскиот пазар ќе чини 17.850 евра, исто како и сегашниот модел.
ВИДЕО
https://www.youtube.com/watch?time_continue=101&v=eDTT5T-MObI
https://www.youtube.com/watch?v=rpkOYKuMhBU








