сабота, 25 декември, 2025 година

До 2021 година Hyundai подготвува револуција со целосно aвтономно возило

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Hyundai влегува во во стратешко партнерство со Auroda, која претставува еден од лидерите во областа на системите за автономно управување на автомобилите. Во моментов планот е да почнат да ги лансираат заедничките целосно автономни возила на пазарот најдоцна до 2021 година.

Од Hyundai велат дека соработката ќе почне со вклучувањето на технологиите за автономно управување на Aurora во специјално разработените за таа цел автомобили, а истите ќе бидет вклучени во тестирањата во неколку различни места.

- Advertisement -

Првата цел која е поставена од Hyundai е лансирањето на автономни автомобили од Ниво 4, кои немаат потреба од некаква човечка помош. Тука се смета и визуелното набљудувања на она што се случува околу автомобилот на патот.

Лице од компанијата ќе биде првиот сопственик на вакво возило коешто ќе биде со целосно нов водороден систем за движење и ќе ја има задачата да го тестира.

„Знаеме дека иднината на транспортот оди кон автономија, а автономните технологии за управување треба да бидат докажани како ефективни во вистински услови“, вели Вонг Чул Јанг, кој е потпретседател на Hyundai Motors.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја