Mercedes спрема 8 модели на новата платформа

ОБЈАВЕНО НА:

На новата платформа за преден погон што Mercedes ja спрема ќе бидат базирани осум нови возила, во споредба со сегашните пет колку што има на актуелната платформа. Нема детали за кои модели се работи, иако потврдата за ваквата одлука доаѓа од Oла Калениус, шефот во Mercedes.

Со оглед на тоа што се работи за погон на предните тркала и не е тешко да се претпостави за кои модели станува збор. Во оваа група спаѓаат новата генерација на A-Class, и тоа хечбек и седан верзијата, Потоа тука ќе биде и новата генерација на B-Class, новиот CLA седан, CLA shooting brake, GLA кросовер и најверојатно GLB за што многу се зборува дека е бејби G-Class.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK